Стартапите за климатска технологија собраа 32 милијарди долари

54

Стартап компаниите кои работат на развој на технологии за борба против климатските промени досега собрале рекордни 32 милијарди долари на глобално ниво оваа година, според објавените резултати од едно истражување.

Висината на пари за проекти т.н. ризичниот капитал, која досега се слеа оваа година во климатски технологии, веќе го надмина вкупниот број за цела 2020 година, се вели во извештајот на компанијата за анализа на ризичен капитал Dilrum и рекламната агенција London & Partners, пренесува CNBC.

Во исто време, инвестициите во климатските технологии се зголемени за повеќе од четири пати во споредба со 2016 година, кога инвеститорите ги поддржаа почетните компании во секторот со само 6,6 милијарди долари.

Европа е најбрзо растечки регион на глобално ниво во однос на инвестициите во климатските технологии, односно во технолошките компании кои работат на намалување на емисиите на стакленички гасови или справување со последиците од климатските промени. Инвестициите на европскиот ризичен капитал во стартапи во областа на климатските технологии се седум пати повисоки оваа година во споредба со 2016 година, при што износот се зголеми од 1,1 милијарди долари на 8 милијарди долари, се вели во извештајот.

Со исклучок на заливскиот регион Калифорнија, Лондон е дом на најголем број на стартапи во областа на климатската технологија, се додава. Во британскиот главен град, како што се наведува, од постигнувањето на Парискиот договор за климата во 2015 година, основани се 416 нови компании кои се занимаваат со климатски технологии, а нивната вкупна вредност се проценува на 28 милијарди американски долари.

Сепак, меѓу 2016 и 2021 година, повеќето средства на пазарите на капитал беа собрани од климатски стартапи во Соединетите Американски Држави, по што следат ривалите во Кина, Шведска и Обединетото Кралство, се вели во извештајот без да се прецизира износот.