Стартува проектот за зајакнување на капацитетите во енергетиката

21

E650C6CFAA7F114E89DA98EEF8E9B945Mинистерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на ИПА проектот Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.

Проектот има за цел да ги зајакне административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерство за економија и Агенцијата за енергетика, како и вршење на мониторинг и евалуација на реформите во Секторот за енергетика, потребни за усогласување на националното со европското законодавство и другите релевантни ЕУ обврски во областа на енергетиката.

Преку овој проект се очекува да се обезбеди правна и регулаторна рамка со што ќе се привлечат инвестиции во енергетскиот сектор и ќе се придонесе за економски развој и социјална стабилност на земјата.

На настанот планирано е да се обратат и директорот на проектот Гордана М. Јуруковска  и претставник на делегацијата на ЕУ, Елизабета Ѓорѓиева.