Статистика: БДП со раст од 3,1% во второто тримесечје

39

Стапката на раст на бруто домашниот производ во второто тримесечје од оваа година е 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5%; Земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9% и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 3,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4,6%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,5%.

Фото: Pixabay