Стопанствениците кои имаат неискористени објекти да ги понудат на Агенцијата за странски инвестиции

173

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ одржа работен состанок со претставници на општините и компании од Пелагонискиот  плански регион, на кој ја презентираше иницијативата за нивно активно ангажирање во насока на обезбедување нови можности за заинтересираните инвеститори како и забрзување на постапките за реализација на нови инвестиции.

Директорот Павлески побара од претставниците на локалната самоуправа да направат ревизија на нивните планови и да идентификуваат локации кои може да се понудат на заинтересирани инвеститори за Гринфилд инвестиции.

Дополнително ги повика и стопанствениците кои имаат неискористени објекти да ги понудат на Агенцијата која ќе ги понуди на за заинтересирани инвеститори кои бараат локации и можности за браунфилд инвестиции.

Агенцијата се понуди да се јави како фасцилитатор на процесите и интеракциите на општините со други државни институции за забрзување на добивањето на сите потребни одобренија за инвеститорите.

На стопанствениците им беа презентирани и можностите кои ги нудат порталите развиени од агенцијата каде на се нудат три клучни бенефити. Портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни добавувачи,  портал за презентација на извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд инвестиции на кој заинтересираните инвеститори можат да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.

На презентацијата беа претставени и мерките за унапредување на индустриската политика и за поттикнување на инвестициите  кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Агенцијата овие настани ги смета за клучни во вмережување на компаниите од регионите, идентификување на полињата за соработка и начините на кои Агенцијата може да им помогне да бидат уште поконкурентни.

Фото: Pixabay