Stuey – уред што им ги олеснува телефонските разговори на лица кои пелтечат

22

Дамир Скоко од Хрватска, инаку инженер и иноватор, разви уред што им помага на луѓе кои пелтечат полесно да ги извршуваат телефонските разговори.

“Уредот се приклучува на мобилен телефон и со помош на иновативна метода му овозможува на корисникот кој пелтечи, полесно да разговара по телефон. Уредот го нареков Stuey според англискиот збор за пелтечење – stuttering, а постапката за патентирање и заштита на интелектуална сопственост е во тек, па за тоа време не може детално да се зборува за конкретни технички карактеристики на уредот“, вели Скоко за Пословни дневник.

Тој направил и истражување меѓу луѓе кои се соочуваат со овој проблем, а резултатите покажуваат дека 89,2% од испитаниците веруваат дека уред како овој ќе им помогне да го намалат нивото на стрес и напнатост, а ќе им го зголемат квалитетот на животот. Околу 69% од испитаниците изјавиле дека би го купиле уредот во зависност од цената, оценките од други корисници и слично.

Фото: Pexels