Трговската размена над 9 милијарди евра, трговскиот дефицит 1,4 милијарди евра

32
man into a bill boat on a puddle

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9.440.427.000 евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 3.996.058.000 евра што е раст од 34,6 отсто во однос на истиот период лани, а увозот е 5.444.369.000 или 34 проценти повеќе.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1.448.311.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.