Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за една година се зголемиле за 22.4 %

90

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со третото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3.4 %, трошоците за материјали за 2.6 %, трошоците за вработените за 5.1 %.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 22.4 %, трошоците за материјали за 20.1 % и трошоците за вработените за 27.7 % , покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите
на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.

Фото: Pixabay