Цени во земјоделството во февруари

22

Цените во земјоделството во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0,1%, а кај аутпутот е зголемен за 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2020 година, во споредба со февруари 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99,8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,3.

Во делот аутпут, во февруари 2020 година, во споредба со февруари 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,3.

Фото: Pexels