Цените на индустриските производи на месечно ниво пониски за 0.7, а на годишно ниво повисоки за 13.8 отсто

64

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.7 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 13.8 отсто.

„Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 отсто, a во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.7 отсто. Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 отсто, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31.3 отсто“, информираа од Државниот завод за статистика.