Црна Гора ги конвертира кредитите од швајцарски франци во евра

32

Swiss-Franc

Во Црна Гора стапи на сила Закон за конверзија на кредити од швајцарски франци во евра, на кои ќе биде пресметана камата од 8,2% на годишно ниво, пишува Вијести.

Единствената банка којашто одобрувала кредити во швајцарски франци во Црна Гора, Хипо Алпе Адриа банка, треба во наредните 30 дена да изврши конверзија по официјалниот курс што важел на денот на склучувањето на договорот. Оваа обврска важи и кредитите што банката ги раскинала, затоа што клиентите не ги намирувале ратите на време. Основица за конверзија претставува износот што клиентот го добил во банката во моментот на склучување на договорот.

Со Законот е предвидено по конверзијата на кредитите во евра, банката да објави нова пресметка со пресметана фиксна каматна стапка од 8,2% на годишно ниво. Банката треба да им ја понуди пресметката на клиентите во следните 45 дена.

За надзор над примената на законот задолжена е Централната банка.