УЈП ја објави најновата листа на должници

91

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2022 за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

– повисок од 300.000 денари за правните лица

На Листата на должници бр.01/2022 објавени се 1.762 должници – правни лица (помалку за 5 од претходната листа) и 3.036 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа)
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2022 изнесува 8.674.110.769 денари, помалку за 89.291.047 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.444.505.317 денари (помалку за 299.998.001 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 229.605.452 денари (повеќе за 158.640.337 денари од претходната листа).