УСАИД отвори откупни пунктови за диворастечки производи

75

Levo-kon-desno---Mehmedi,-Konoli,-Jakuposki-go-otvoraat-punktot

УСАИД во соработка со Националниот парк Маврово и општината Маврово и Ростуше, денеска го прослави отворањето на новите откупни пунктови за диворастечки производи во Пилана и Јанче.

Вклучувајќи ги новите пунктови, во Националниот парк моментално функционираат три откупни пунктови. Првиот, во Врбен, беше отворен во 2014 година. При подготовките за отворањето на пунктовите, УСАИД донираше опрема во вредност од 5.000 долари, оддржа 12 обуки за да ги сертифицира локалните собирачи на диворастечки производи во методите на оддржливото собирање и помогна на Националниот парк да изгради регулативна рамка за собирањето на диворастечки производи на неговата територија.

Џенифер Коноли, директор на надзорната програмска канцеларија во УСАИД Македонија, ја објасни важноста на тоа да се ангажираат локални собирачи кои ќе работат со пунктовите и трудот кој е вложен во подготовката на теренот за отварањата.

“Обучивме и помогнавме да се сертифицираат повеќе од 450 собирачи во Маврово во практиките на оддржливо собирање за да ги подготвиме за отворањето на пунктовите и  да ги научиме како да ја заштитат својата локална животна средина. Со здружените сили на сите засегнати страни во оваа работа, веруваме дека сите ќе можат да ги почувствуваат придобивките од посилен, подобро организиран сектор за собирање на диворастечки производи“, изјави Коноли.

Директорот на Националниот парк Маврово, Онер Јакупоски  и градоначалникот на општина Маврово  и Ростуше, Мукрем Мехмеди, исто така дадоа свои изјави заедно со откупувачите кои ги раководат пунктовите пред свечено да пресечат лента и да ги отворат пунктовите.

УСАИД, преку својот Проект за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, го поддржува растот на секторот за диворастечки производи уште од 2013 година. На целата територија на Македонија, повеќе од 1.500 собирачи на диворастечки растенија, шумски плодови и печурки се обучени и сертифицирани во оддржливото собирање на овие производи. Со практикувањето на оддржливо собирање, локалните популации ќе можат да ги користат придобивките од природните ресурси во Македонија уште за многу генерации.