Вип и Оне ќе се спојат во новоосновано Друштво за комуникациски услуги оне.ВИП ДОО Скопје

53

mob

Мобилните оператори Вип и Оне ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност со назив Друштво за комуникациски услуги оне.Вип ДОО Скопје (one.VIP), стои во известувањето за концентрација помеѓу операторите објавено на 08.01.2015 година на интернет страната на Комисијата за заштита на конуренцијата (КЗК), со кое се потврдува дека до Комисијата е поднесено заедничко известување за планирано спојување меѓу ВИП и ОНЕ.

“Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак, конечната одлука по ова прашање е резервирана”, стои во сооштението.

Според подносителите на известувањето, предметната концентрација се однесува на следните релевантни пазари на производи во Република Македонија: пазар за обезбедување на фиксни телекомуникациски услуги за крајни корисници; пазар за обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги за крајни корисници; пазар на завршување на повик во фиксната или мобилна мрежа; пазар на меѓународен роаминг; пазар на обезбедување на услуги на широкопојасен интернет пристап за крајни корисници; пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници и пазар на големо за пристап до јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги за започнување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи.

Единствена контрола над one.VIP ќе стекне mobilkom Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH, со седиште во Виена, како непосредно владејачко друштво на Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје.

Заинтересираните трети страни имаат рок од 10 дена од објавувањето на известувањето да достават евентуални забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата.