Во декември земјава ја посетиле 48.913 туристи, остварени 93.567 ноќевања

39
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2022 година изнесува 48. 913, од кои 40.8 % се домашни туристи, а 59.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во декември 2022 година изнесува 93.567, од кои 42.5 % се од домашните туристи, а 57.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7 %, а кај странските зголемувањето е за
82.8 %.
Во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7 %, а кај странските зголемувањето е за
70.7 %.