Во јули: Годишен раст од 2,3% на вкупните депозити и од 9,7% на вкупната кредитна поддршка

47

Во јули 2022 година, кај паричната маса е забележан месечен раст од 1,6%. Краткорочните депозити имаат најголем придонес
кон промената на паричната маса, а позитивен е придонесот и на готовите пари во
оптек и долгорочните депозити до две години. Од друга страна, депозитните пари
забележаа месечно намалување. На годишна основа, паричната маса е зголемена за
2,9%, речиси во целост под влијание на растот на краткорочните депозити, при
забележан пад на долгорочните депозити до две години и депозитните пари.

Во јули 2022 година, вкупните депозити се зголемени за 0,9% на месечна основа,
поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај
корпоративниот сектор. Годишниот раст изнесува 2,3% и во целост се должи на
повисоките депозити на секторот „домаќинства“.
‒ Во јули, кај вкупните кредити6 е забележан месечен раст од 0,5%, како резултат
на зголеменото кредитирање кај двата сектора, при малку поголем придонес на
кредитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се
зголемени за 9,7%, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на
корпоративниот сектор.

Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемени за 1,7% на
месечна основа. Нагорната промена пред сè се должи на растот на краткорочните
депозити во странска валута, со позитивен придонес и на краткорочните депозити
во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при остварено
намалување на депозитните пари. На годишна основа, остварен е пад од 2,9%,
којшто произлегува од намалувањето на сите компоненти, освен краткорочните
депозити во странска валута кои бележат раст.
‒ Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5%, во
целост како резултат на повисоките кредити во странска валута, при забележан пад
на кредитите во денари. Годишниот раст изнесува 12,1% и е резултат на
зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, коешто е поизразено
кај кредитите во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јули, се повисоки за 0,4% на месечно
ниво. Промената се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута,
депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, додека
краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа
е забележан раст од 5,2%, во најголем дел под влијание на повисоките краткорочни
депозити во странска валута, при забележан раст и на долгорочните депозити во
странска валута и депозитните пари, а при остварен пад на долгорочните и
краткорочните депозити во денари.
‒ Во јули, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечен раст од 0,5%, во
поголем дел под влијание на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст
и на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на
домаќинствата бележат раст од 7,6%, којшто во услови на повисоки кредити во
денари и во странска валута, е поизразен кај кредитирањето во денари.

Во јули 2022 година, според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити, е
забележан раст од 0,4% и 0,8% на месечна основа, соодветно, при годишен раст од
6,4% и 13,5%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен
и годишен пад од 1,4% и 6,4%, соодветно. Во јули, кредитите одобрени на
кредитни картички забележаа месечен раст од 0,2%, при годишен пад за 1,6%.
Негативните салда на тековните сметки во јули се намалени за 1,3% на месечна
основа, при годишен раст од 2,6%, додека кредитите одобрени врз други основи,
забележаа месечен и годишен пад од 1,0% и 19,1%, соодветно.