Во јули ќе се градат 747 станови, најмногу двособни

87

Во јули оваа година е предвидена изградба на 747 станови со вкупна површина од 59.303 метри квадратни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на станови што ќе се градат (747), најголемиот дел или 280 се однесуваат на двособни станови. Потоа следуваат трособните со 219, па четирисобните со 125 дозволи. Во јули ќе се гради само еден стан со седум соби

Анализирано по општини, најголем дел од становите ќе се градат во Скопскиот регион (222), од кои најмногу во Аеродром (143), додека најмалку станови (само 15) ќе се градат во Пелагонискиот регион.

Статистика покажува дека во јули се издадени 284 одобренија за градење, што е исто колку и во истиот период лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.053.143.000 денари, што е за 6,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (58,5%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11,6%) за објекти од нискоградба и 85 (29,9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 284 објекти, на 164 (57,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (42,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Фото: Pexels