Во Србија проблематичен секој петти кредит

35

dinari

Секој петти кредит во вкупниот пласман на банките е проблематичен, а нивното учество изнесува 20,22%, што е за 1,36% помалку од крајот на 2015 година, покажуваат податоците на Народна банка на Србија (НБС).

НБС наведува дека проблематичните кредити на претпријатијата изнесуваат 1,43 милијарди евра, а на населението скоро 598 милиони евра. Најголем дел од преостанатиот износ на проблематични кредити се однесува на други правни лица – нефинансиски сектор во стечај, пишува еКапија.