За идеите…

258

Идејата, иако можеби на почетокот изгледа или звучи чудно, во себе може да крие огромна сила што ќе предизвика промени. Без идеја не може да се започне ништо ново, па без идеја дури и не може да почне денот.

За идеите зборувале “големи“ умови, кои ја претставиле нејзината големина и моќ.

Она што го води и го “влече“ светот напред, не се локомотиви, туку идеи – Виктор Иго.

Работата раѓа идеи – Џим Рон.

Да имаш една голема идеја, мора да имаш многу идеи – Томас Едисон.

Не жалам за тоа што други ми ги украле моите идеи, туку жалам што немаат свои – Никола Тесла.

Мислата е идеја на поминување – Питагора.

Големите умови разговараат за идеи, средните за настани, а малите умови за луѓе – Еленор Рузвелт.

Фото: Pexels