За скоро 70% намален бројот на странски туристи во јануари

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во јануари 2021 година изнесува 28.102, а бројот на ноќевањата изнесува 65.031.

Бројот на туристи во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е намален за 49,2%, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7%.

Бројот на домашни туристи во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е намален за 12,1%, а бројот на странските туристи е намален за 69,8%.

Бројот на ноќевања на домашни туристи во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е намален за 15,3%, а бројот на ноќевања на странски туристи е намален за 60,2%.

Фото: Pexels