Забрана за доставување на стока од 7:30 до 18 часот во Скопје

29

aero-zagaduvanje-pixabay

Фото: Pixabay

Советот на град Скопје усвои одлука со којашто се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од први декември до 31 март односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути, стои во официјалното соопштение.

Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Град Скопје, што е предвидено и со Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија.

Намалувањето на движењето на возилата кои вршат доставување на стока ќе придонесе и за намалување на загаденоста на воздухот.

Град Скопје ги информира сите засегнати страни дека Секторот за сообраќај ќе изврши усогласување на издадените одобренија – повлекување и издавање на нови одобренија во согласност со одредбите од одлуката.

Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето во Службен гласник на Град Скопје.