Заштедување на гасот: Две европски земји воведуваат итни мерки

97

Холандија вчера најави дека ќе ја активира фазата од планот за енергетската криза наречена „рано предупредување“.

Имено, ќе го укине ограничувањето на производството во термоцентралите на јаглен, бидејќи се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас среде војната во Украина.

Холандија, која увезуваше 15 отсто од својот гас од Русија, веќе купува ЛНГ (течен природен гас) и ја намалува потрошувачката на гас, но сепак може да се соочи со недостиг оваа зима, пишува Ројтерс.

„Со овие мерки, помалку пари ќе му дојдат на Путин“, изјави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен.

Фазата „рано предупредување“ од трифазниот план на земјата ги предупредува корисниците, регулаторите и владите за специфичната закана од недостиг на гас. Ројтерс додава дека планот вклучува и „аларм“ и „вонредна“ фаза, иако останува нејасно како ќе се рационализира снабдувањето со гас за индустриските корисници во случај на физички недостиг.

Се очекува Холандија да заштеди две милијарди кубни метри гас годишно со укинување на ограничувањата за производство на енергија на јаглен. Ројтерс наведува дека земјата веќе го ограничила производството на 35% од капацитетот во своите електрани на јаглен со цел да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Холандската влада, исто така, објави дека планира да произведе 2,8 милијарди кубни метри гас од гасното поле Гронинген до октомври 2023 година.

Данска го активираше чекорот на планот за снабдување

Данската агенција за енергетика денеска соопшти дека го активирала првиот чекор од трифазен план за итно снабдување со гас, што всушност значи построг мониторинг на пазарот, поради неизвесноста во однос на испораката на гас од Русија.

Според соопштението на агенцијата, испораката на гас засега е загарантирана, пренесува Ројтерс.

Данската агенција ги повика потрошувачите и компаниите да ја намалат потрошувачката и наведе дека има итен план во случај на прекин на снабдувањето со гас.

„Раното предупредување значи дека може да има ситуација со значително полоша ситуација во снабдувањето со гас. Ова е сигнал за играчите на пазарот на гас да се подготват за вистинска криза во снабдувањето“, се вели во соопштението на агенцијата.