Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари

14

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2021 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на јануари 2021 година и изнесува 14,2, а во однос на февруари 2020 година е намален за 8,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2021, во однос на јануари 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на февруари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2021 година изнесува 70,7% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,7%, неизвесното економско опкружување со 16,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 14,8% и недоволната домашна побарувачка со 14,9%.

Фото: Pexels