Зголемени цените на угостителските услуги

50
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година, во споредба со јули 2022 година, е зголемен за 0.7 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано
во групите Храна за 1.0 %, Алкохолни пијалаци за 0.4 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 16.7 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-август 2022 година, во однос на истиот
период од минатата година, е зголемен за 9.9 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 8.2 %.