Зголемување на залихите на готовите производи во преработувачката индустрија

26

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2019 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на април 2019 година и изнесува 21.0, а во однос на мај 2018 година е зголемен за 1.5 п.п.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2019, во однос на април 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на април 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на мај 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2019 година изнесува 69,6 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26 %, недоволната странска побарувачка со 16,8 %, недоволната домашна побарувачка со 14,4 % и неизвесното економско опкружување со 10,8 %.