Жените заработуваат 15% помалку од мажите

25

Во Европската унија во 2018 година, жените заработуваа 14,8% помалку од мажите, кога се прави споредба на нивната бруто заработка по час.

Според европската статистика, највисока е разликата во Естонија (22,7%), Германија (20,9%), Чешка (20,1%), Австрија (19,6%) и Словачка (19,4%). Од друга страна, најмала разлика меѓу платите на мажите и жените има во: Романија (3%), Луксембург (4,6%), Италија (5% во 2017 година) и Белгија (6%).

Кога се прави анализа на заработката по час за различни професии, во сите девет групи според податоците од 2014 година, жените просечно заработувале помалку од мажите. Како професија во којашто има најголема разлика (23% пониска заработка за жените) има кај менаџерите.

Фото: Freepik