Зошто вработените даваат отказ?

413

Битката за вработување и задржување на добри работници е предизвик за повеќето компании. Нови истражувања покажуваат кои се главните причини зошто луѓето даваат отказ.

Студијата на West Monroe Partners утврдила дека 59% од вработените изјавиле дека ќе си заминат поради попривлечна понуда на друга компанија, а не затоа што сакаат да побегнат од моменталната компанија.

За да го избегнат трошењето на време и пари во пронаоѓање на нов работник, работодавачите мора да бидат свесни за потребите на своите вработени како: добра комуникација и позитивен однос.

Комуникацијата има големо влијание

На прашањето: “Кога би имале волшебно стапче, што би промениле во својата организација“, анкетираните одгвориле дека најголема корист ќе имаат од промената на комуникација во својата компанија.

Менаџментот игра важна улога во задржување на работниците

Голема улога игра комуникацијата меѓу вработениот и менаџерот. Една студија открива дека половина од анкетираните вработени дале отказ поради лош менаџер, а две третини сметаат дека нивниот менаџер нема соодветна менаџерска обука.

Важна е работната атмосфера

Добрата работна средина е важна за задржување на работниците. Можноста за флексибилно работно време ја зголемува шансата за задржување на работниците.

Фото: Pexels