Фото: Pixabay
Нутриционистите велат дека јајцето е една од најхранливите намирници, а за максимален ефект препорачливо е да се јаде едно јајце дневно. Составни делови на јајцето се протеините, мастите, есенцијалните масни киселини, лецитинот, холестеролот, минералите и витамините.
Белката на јацето содржи околу 90% вода, а преостанатиот дел ја сочинуваат приближно 40 различни видови протеини. Едно јајце содржи протеини колку 30 грама месо.
Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.
Една од корисните состојки на јајцето е холин – супстанца која е важна за обновување на мозочното ткиво. Холинот има голема улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развој на мозокот на фетусот.
Богати се со минерали како што се селенот и јодот и витамините Б12 и Д. Важно е да се консумираат поради регулација на холестеролот во крвта.
Исто така содржат витамини А, Д, Е, Б12, железо, фолна киселина, калциум и омега – 3 масни киселини.
Помагаат и во контролирање на тежината. Ако секое утро изедете едно јајце, ќе бидете помалку гладни во текот на денот.
Ги закјакнуваат косата, коските и ноктите бидејќи се богати со витамин D и калциум. Редовното конзумирање може да го спречи развојот на остеопороза. Поради железото во жолчката, јајцето се препорачува и за оние кои имаат проблем со анемија.