БДП во еврозоната со пад од 14,4%

50

Бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната падна за 14,4% во вториот квартал, соопшти Евростат.

На квартална основа, падот е 11,9%, а во првите три месеци падот беше 3,6%. Забележано е дека на овој начин европската економија влегува во рецесија.

Еврозоната вклучува 19 земји. Според првата проценка, нивниот БДП се намалил за 12,1% во вториот квартал и за 15% на годишна основа.

Намалувањето на сите показатели е најголемо од 1995 година, откако се води ваква статистика.

Претходно, Ангел Талавера, главен експерт за европска економија, рече дека се очекува значителен економски раст во еврозоната во третиот квартал. Сепак, тој истакна дека закрепнувањето во летните месеци ќе биде послабо.

Европската комисија, во својот извештај од јули, предвидува дека реалниот БДП во еврозоната годинава ќе падне за 8,7%, како резултат на пандемијата на Ковид-19.

Целокупната економија на ЕУ ќе се намали за 83%, при што се очекува економско закрепнување во третиот квартал.

Фото: Pixabay