БДП во првиот квартал со раст од 0,2%

67

Бруто домашниот производ (БДП), во првиот квартал од оваа година, забележа раст од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите Информации и комуникации од 10,4%; Дејности во врска со недвижен имот од 6,5%  и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 5,2%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2020 година номинално расте за 2,7%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 63,2%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 7,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4,6%.

Фото: Freepik