Бетон ќе исплаќа дивиденда од акумулираната добивка до 2008 година

30

beton-dg1

Годишното собрание на акционери на друштвото за градежништво, Бетон од Скопје, донесе одлука за исплата на дивиденда од акумулираната добивка до 2008 година.

Со оваа одлука се врши распределба на дел од акумулираната добивка до 2008 година и тоа за исплата на дивиденда во бруто износ од 70.930.600 денари.

Износот на дивиденда за една акција во бруто износ е 1.300 денари. Последен ден на тргување, според дивидендниот календар, е деветти мај, додека датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 12-ти мај.

Прв ден на тргување без право на дивиденда е 10-ти мај, а исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30-ти септември.