Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од Русија

90

Ширење на бизнисот надвор од границите претставува знак дека компанијата е успешна и се развива. Но, во исто време тоа е и предизвик за прилагодување кон друга бизнис култура. Овој пат ви посочуваме неколку важни совети доколку треба да соработувате со бизнис партнери од Русија.

Русите претпочитаат писмени наместо усни договори. Тоа значи дека на средбите и состаноците може да разговарате и да планирате што и да посакате, но она на што ќе бидете посветени, ќе треба да се стави на хартија и да се потврди со потпис од двете страни.

Тие преферираат лични средби одошто телефонски разговори или мејл комуникација. Според нив, на тој начин полесно ќе го оценат соговорникот, внимателно следејќи го говорот на телото и невербалната комуникација.

Слично како Германците, а сосема различни од Јапонците, бидејќи сакаат да се ракуваат, а при првата средба и го кажуваат своето име. Русите се залагаат за понеформална комуникација, но може да ги користите изразите, господин или госпоѓа при ословување.

Потекнуваат од источна култура, па и покрај сите технолошки и модерни алатки, сепак им придаваат важност и значење на старите и добро познати бизнис алатки. Меѓу нив се секако визит картичките. Исто така, при состаноците обрнуваат многу внимание на титулата што ја имаат, мислејќи на образованието и искуството што го стекнале во животот.

Она по што не се разликуваат од останатиот деловен свет е dress code, односно начинот на облекување на формалните средби. Претпочитаат формална и конзервативна облека во неутрални бои. Особено важни за Русите се чевлите, па затоа на тој детаљ обрнуваат посебно внимание.

Русите ценат точност, па затоа не толерираат доцнење. Кога се среќаваат со соработници од други земји од светот им годи ако тие им кажат некој збор или помала фраза на руски јазик.

Фото: Pixabay