БизнисМрежа.мк – единствената платформа за бонитетни информации со нова верзија

58

Компанијата Таргет Груп ДОО Скопје ја пушти во функција новата верзија на платформата БизнисМрежа.мк. Со оваа надградба платформата доби нови функционалности и подобрена корисничка искористеност.

Додадена е нова опција за пребарување на “физички лица” (сопственици и овластени лица) по име и презиме. На овој начин се поедноставува процесот за пронаоѓање на лица за кои немаме информации дали извршуваат функции во компании регистрирани во РМ.

1

БизнисМрежа.мк ги покрива сите регистрирани правни субјекти во РМ. Покрај опцијата за пребарување на “физички лица”, има можност за пребарување на компании по назив, големина, дејност, град или остварени приходи, добивка и број на вработени.

На новата верзија, во модулот “Финансии” е овозможена компарација на финансиското работење за повеќе компании. На тој начин, приходите, добивката, капиталот, пресметаните индикатори итн. за една компанија може да се споредуваат со нејзините конкуренти на пазарот или деловни партнери. Оваа надградба го подобрува аналитичкиот концепт на платформата.

2

Прегледот на субјект овозможува брз преглед на компанијата. Овде се прикажани основните информации за статусот на компанијата, основни финансиски резултати, организационата структура, како и историјатот на компанијата за последните 10 години. На новата верзија е овозможен преглед на правно/физичко лице кое било избришано од компанијата. На тој начин би имале преглед дали избришаното лице се јавува во други компании и која е неговата функција во истите.

3

Подобрениот графички приказ на поврзаните лица ја прави платформата многу поинтересна за преглед на компании.

Секој корисник на платформата има можност да додаде компании во негово “портфолио”, со што на овој начин за тие компании ќе добива дневни нотификации за настанати промени. Нотификациите стигнуваат на е-маил, доколку некоја од компаниите направи промена на сопственици, управители, смени назив, адреса итн., или доколку отпочнат стечај, ликвидација или добијат казна/санкција. Во новата верзија е додадена опцијата “Анализатор” која ги анализира поставените компании во портфолиото според дејност, град, големина и солвентност.

4

Компанијата Таргет Груп е водечка на пазарот за бонитетни информации и постојано е фокусирана на развој на нови алатки кои на клиентите ќе им помогнат при носење квалитетни деловни одлуки.