Брза реакција

12

kolumna

Фото: Pixabay

“Буквално сите чекори за брза реакција се исцрпени” ми кажа пред некој ден една госпоѓа и цврсто стоеше на тој став. Јас се запрашав: Зарем е така?!

За да видиме дали е така, неколку прашања веднаш ми поминаа низ глава, а меѓу нив ќе ги издвојам две и ќе пробам да ви дадам совети – како да ги подобрите или да ги оцените дали се добро имплементирани:

  1. Колку квалитетно тие активности се изведени на терен?
  2. Дали навистина е извлечен максимумот?

Одговорите на двете прашања ќе ги најдеме преку цела една група потпрашања кои се јавуваат како анализа на тоа – дали некоја работа е квалитетно извршена и колку навистина е извлечен максимум.

Цели – пред воопшто да започнете, потребно е да дефинирате цели, односно што сакате да постигнете со активностите или активноста. Тоа е важно затоа што тоа ќе ве води во текот на целиот процес и ќе знаете кога сте завршиле со активноста. Само немојте да дефинирате општи цели кои ќе ве доведат во заблуда во дефинирање на горенаведените прашања.

Квантитет – многу лесно мерлива и ви дава точна бројка. Но пред тоа, мора да имате стратегија за постигнатите цел на бројката и на нејзиното влијание врз резултатот што сакате да го постигнете.

Време – за колку време секоја работа е извршена. Но тука е инвестираното време на сите инволвирани во имплементација на работата.

Материјални средства  – дали тоа што сте го направиле вродило со некаков плод, во смисла на материјални средства. Дали тоа што сте го планирале, а се надевам дека сте планирале, се остварило, па и повеќе од тоа.

Креативност – колку сте биле креативни во извршување на работата. Тешко е да се измери, но ќе треба да го засновате вашето претходно искуство и секако да го знаете тимот кој е инволвиран за да знаете дали дале екстра креативност или не.

Тимот – колку тимот бил инволвиран? Каков бил распоредот на тимот? Дали сите еднакво учествувале? Дали сите ги исполниле своите активности? Дали работата била тимски изведена?

Контрола – дали сте имале контрола над целата ситуација и дали постојано сте имале информации до каде е изведбата на активностите? Дали сте биле навремено информирани?

Планирање – за секоја акција е потребно убаво планирање. Со убавото планирање, па и на брза реакција можете да постигнете успех. За добро планирање издвоите и време за собирање на повеќе идеи кои можат да ви помогнат влијанието што сакате да го постигнете да има поголем ефект. Со планирањето ќе може после тоа и да вршите мониторирање и евалуација на активностите.

И после овие две прашања и сите овие потпрашања, следува прашањето: дали навистина може да кажете дека брзата реакција е навистина добро изведена и дали сте можеле да направите повеќе?

Со успех во промените.