Бугарија почна да ги тестира банките

19

BNB-580x423

Бугарската народна банка почна да ги тестира банките, а резултатите ќе бидат познати на есен, пишува Труд.

Властите се одлучија да направат стрес тест според Европската банкарска супервизија. Тестот опфаќа проценка на активата, односно што поседуваат како станови и имот и за колку време можат да бидат продадени при итна потреба од пари, а ќе биде проверена и издржливоста на банките во однос на депозитите.

По одземањето на лиценцата на КТБ, Брисел ѝ препорача на Бугарија да изврши “независна анализа на квалитетот на активите во целиот банкарски систем”. Препорача власта да преземе мерки за засилување на надзорот над банкарскиот и небанкарскиот сектор, преку зајакнување на одредбите за гарантирање на депозитите и заздравување на банките. На Владата и беше предложено да изврши преглед и на портфолијата на пензиските фондови и осигурителните компании.

Стрес тестовите се користат за проценување на отпорноста и ранливоста на вкупниот финансиски систем, односно како банкарскиот систем би функционирал во услови на криза.