Дали знаете правилно да подготвите чај

483

Од античките Египќани до денешната јапонска култура, чајот долго време e почитуван напиток поради неговите здравствени придобивки. Со илјадници години е составен дел од културата и лекувањето. Денес, неговата популарност е голема, бидејќи е втор напиток во светот што се консумира, по водата.

Златните правила за совршена шолја чај се усовршувани 4.000 години, откако постојат записи за церемонијата на негова подготовка и уживање.

Ако ви е ладно ќе ве загрее, ако ви е топло ќе ве освежи, а ќе ве смири ако сте вознемирени. Некои чаеви ќе ги исфрлат токсините од телото. Некои ќе делуваат против целулит, намалување на крвен притисок, холестерол, болни бубрези…

Иако чајот е можеби омилен пијалак во Велика Британија, Британците не успеваат направат добра шолја чај, бидејќи не трошат доволно време правилно да го приготват.

Експертите од Британската асоцијација за наука (British Science Association) ги проучуваат навиките за пиење чај кај 1.000 Британци и откриле дека дневно три четвртини од нацијата пие чај, а 80% не ја вријат водата доволно долго. Истражувањето, исто така, покажало дека 91% од консументите на чај користат керамичка чаша, а 47% го оставаат пијалакот да се олади пет минути пред да го вкусат.

Секогаш читајте го упатството за употреба за одредени видови чаеви, бидејќи секој бара свој посебен третман.

Различни чаеви даваат најдобар вкус, арома и ослободување на корисни материи на различни температури.

За да ги задржи и ослободи сите корисни состојки за здраво тело, секако потребна е правилна подготовка на чајот, а најчести грешки се превисока или ниска температура или предолго чување во вода.

Употребувајте свежа и ладна водна. Пуштете ја водата да истече неколку секунди и да биде потполно ладна. На овој начин ќе постигнете водата да биде полна со кислород, а тоа е важно за целосно ослободување на аромата од чајот.

Загрејте ја водата на соодветна температура. За белиот, зелен и жолт чај до 70°C, за црн чај до 95°C и за овошен чај до 100°C. Откако ќе се полее со вода се остава да отстои неколку минути.

Бел чај: 1 – 2 минути

Зелен чај: 1 – 3 минути

Црн чај: 3 – 5 минути

Жолт чај: 1 – 3 минути

Овошен чај: 5 – 10 минути

Најчесто се послужува од чајник и потребно е внимателно да го одберете, бидејќи материјалот од којшто е направен може да влијае на вкусот на чајот. Најдобро е да биде од порцелан или стакло.

Ако пиете чај подготвен со филтер кесичка не ја притискајте кесичката со надеж дека ќе добиете повеќе чај, бидејќи ќе добиете е горчлив вкус. Доволно е само да ја подигнете и така горчината нема да заврши во чајот. Доколку кесичката ја оставите предолго во чашата, ќе уништите сè лековито што го има во чајот.

Ако чајот не можете да го пиете незасладен во него може да додадете мед. Но, внимавајте! Доколку медот го ставите во врел чај, истиот ги губи сите свои хранливи и лековити својства. Температурата на чајот не треба да биде повисока од 40°C.

Фото: Pexels