Дебарски бањи Цапа за девет месеци евидентираше 29,1 милиони денари добивка

21

debarski-banji-capa

Дебарски бањи Цапа, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 29.197.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 11.540.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, беа на ниво од 125.960.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 87.907.000 денари.

Основна дејност на компанијата е специјалистичка медицинска пракса.