Џебен агроном: Апликацијата MapMyApple до поголем род на јаболка

102

Фото: Pixabay

Апликацијата MapMyApple е направена на основа на комуникација со овоштари со цел да им се овозможи непречено производство на јаболка. Преку оваа апликација може да се контролираат најважните фактори за производство на јаболка и нивно усогласување со факторите од средината и метеоролошко – климатските услови, пишува Agromedia.rs.

Врз основа на повеќе параметри што се внесуваат во апликацијата, MapMyApple прави проценка на потребните количини на минерални состојки – азот, фосфор, калиум, калциум и магнезиум, за правилен развој на стеблото и плодот.

Апликацијата на овоштарите им нуди дневни планови за наводнување и фертилизација што се избалансирани со метеоролошките и климатските услови – од дневни температури до количина на дожд.

Напредниот алгоритам што управува со оваа апликација, на основа на условите во средината, врши проценка на веројатноста на појава на штетници и болести. Исто така, MapMyApple нуди и план за заштита што ги вклучува видовите на препарати и количина што е неопходна за одржување на овоштарникот.

Зад оваа апликација стои Fresh agriculture technologies.