Добивка од 1,9 милиони денари за Агроплод од Ресен за шест месеци

76

Агроплод од Ресен во првата половина од оваа година евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 1,9 милиони денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата имаше добивка од 4,8 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, достигнаа ниво од 9.257.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 8.129.000 денари.

Основна дејност на компанијата е одгледување на јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.

Фото: Pixabay