Добрите и лошите страни на клима уредите

27

klima-pixabay

Фото: Pixabay

Во овие жешки денови, кога температурата е неподнослива бараме спас во клима уредите. Некои дури и не можат да го замислат престојувањето во затворена просторија без нив.

Еве што треба да знаете за овие уреди и како правилно да ги користите.

Добри страни

Екстремно топлото време може да попречи на интелектот и на физичката активност. Користењето на клима уред донекаде помага да не дојде до тоа.

Го подобрува нивото на комфор на работното место и дома.

Ја подобрува концентрацијата за работа.

Може да ги зголеми физичката и психичката активност.

Пониските температури ја намалуваат појавата и ризикот од инсекти и паразити.

Помалку се потиме, а со тоа се намалува ризикот од дехидрација.

Чист клима уред помага да се не се внесат внатре надворешните алергени како што е поленот.

Доколку клима уредот е правилно инсталиран и добро одржуван, го подобрува квалитетот на воздухот.

Лоши страни

Наглите промени на температурата и влажноста негативно влијаат на респираторниот систем.

Ја суши кожата и мукозните мембрани.

Произведува амбиентален шум што придонесува за бучава.

Циркулирањето на воздухот може да пренесе заразни заболувања на дишните патишта.

Воздушно преносливата прашина и габите можат да бидат причина за алергиска реакција.

Клима уредите се поврзуваат со хроничен ринитис, фарингитис, иритирано грло и засипнатост.

Можат да ја влошат ситуацијата доколку патите од конјуктивитис или блефаритис (воспаление на очни капаци), како и да предизвикаат проблеми на оние кои носат леќи.

Неколку совети

Климатизираните простории треба редовно да се проветруваат.

Професионалната инсталација и одржувањето се многу важни без разлика дали станува збор за индивидуални уреди или централизирани системи.

Температурата во собата треба да биде помеѓу 21 и 25 степени.

Обидете се да ја одржувате влажноста помеѓу 60% и 70%.