Домашното производство на кравјо млеко намалено за 26.5%

16
Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238 328 илјади литри, што е за 26.5% помалку во однос на 2022 година.
Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20.5 % во 2023 година во однос на претходната година.
Производството на козјо млеко е зголемено за 3.3 % споредено со претходната година.
Вкупното производство на месо е намалено за 7.4 %.
Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.