ДЗС: 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Во првото тримесечје од 2023 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3 %, а 67.7 % го користеле неколкупати во текот на денот.
53.5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.