Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на иновативни деловни субјекти во периодот 2012 – 2014 година изнесува 1.078.
Под иновативни деловни субјекти се подразбираат деловните субјекти кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетинг иновација.
Од вкупниот број на иновативни деловни субјекти, 37,1% имаат воведено иновација на производ и процес, 35,8% имаат воведено организациски и маркетинг иновации, а 19,1% имаат истовремено воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.