ДЗС: Се очекува намалување на продажните цени во градежништвото

18

Фото: Pixabay

Државниот завод за статистика ги објави податоците за деловните тенденции во градежништвото за второто тромесечје од годинава.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2018 година е поголем за 0,2 процентни поени во однос на првото, а исто толку е и зголемувањето во однос на истиот период лани.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје, како и очекувањата за бројот на вработени, кој треба да расте.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, но оценката за финансиската состојба е поповолнa во однос на претходниот период.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21,1 %, нема побарувачка со 20,6%, конкуренција во сопствениот сектор со 13,7 % и зголемени финансиски трошоци (камати) со 11,8 %.