Една четвртина од Црногорците во ризик од сиромаштија

26
Homeless man sleeping out in the cold

Стапката на ризик од сиромаштија во 2019-та година во Црна Гора била 24,5%, што е за 0,7 процентни поени повеќе во однос на 2018-та година, покажува истражувањето на Агенцијата за статистика на Црна Гора.

Тој процент се однесува на луѓе чиј расположлив доход е еквивалентен на доход по прагот од сиромаштија.

“Прагот од ризик од сиромаштијата е поставен на 60% од медијаната на националниот еквивалентен расположлив доход, којшто изнесува 2.261 евро за едночлено домаќинство, додека за домаќинство со две возрасни лица и две деца помлади од 14 години изнесува 4.748 евра“, вели Милена Вукотиќ, началник на Отсекот за услови за живот и социјални услуги.

Анализирано според возраста, лица помлади од 18 години најмногу се изложени на ризик од сиромаштија (33,7%), како и кај лица на возраст од 18 до 24 години (30,5%). Од друга страна, најниска стапка на ризик од сиромаштија имале лицата од 65 и повеќе години (15,1%).

Фото: Freepik