Едношалтерски систем за добивање документи од институциите

31

5AE3AF396BCEFD4EA16BE892C674CA75Отсега граѓаните ќе можат само преку еден шалтер да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција.

На вчерашната седница на Владата беше усвоен Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи.

“Со донесувањето на предложениот закон ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност што, пак, ќе овозможи поефикасна и поедноставна управна постапка, а ќе ги намали административните бариери за граѓаните во остварувањето на нивните права”, на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Под докази и податоци во овој закон, се подразбираат исправите (уверенијата, сертификатите, потврдите…) кои се издаваат од надлежен орган кој води службена евиденција, а што служат за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските и правните интереси на странките.

Владиниот портпарол посочи дека со реформата странката ќе заштеди многу во време и средства, кои вообичаено ги троши за посета на повеќе институции за да ги извади претходните документи.

По поднесувањето на барањето од страна на странката на шалтерот на органот, кој е надлежен за издавање ќе треба во рок од три дена да ги обезбеди другите исправи кои се потребни доколку се доставуваат по електронски пат, или во рок од седум дена доколку се доставуваат по писмен пат.

Ѓоргиев појасни дека на самиот шалтер на органот странката сега ќе ги подмирува сите трошоци кои се потребни за добивање на исправите, а се обезбедуваат од други органи.

“Сите останати процедури за конкретната операционализација за реформата која ќе важи за сите институции ќе бидат уредени со подзаконски акти за секоја институција за чија подготовка Владата вчера формираше управувачки комитет кој го води министерот Иво Ивановски и даде рок сите овие подзаконски акти да се донесат во рок не подолг од три месеци, а да се имплементираат во рок не подолг од шест месеци”, рече Ѓорѓиев.