ЕИФ и Групацијата ПроКредит потпишаа договор за финансирање на иновативни компании во седум земји  

13

d74c00a0-8fdc-44a8-9982-d378d68374d9

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата ПроКредит потпишаа договор со кој ќе се овозможи поголем пристап до финансии за иновативни мали и средни претпријатија (МСП) преку програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија.

Новиот договор ѝ овозможува на групацијата ПроКредит, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра. Банките ќе бидат поддржани со гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно Хоризонт 2020, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ. Ова е првиот потпишан договор за InnovFin гаранција за МСП кој ги опфаќа овие земји, овозможувајќи им на овие ПроКредит банки на иновативните компании да им понудат дополнително финансирање по поволни услови.

Извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Џилиберт изјави: “Задоволство ми е што го потпишувам овој договор за InnovFin гаранцијата за МСП со Групацијата ПроКредит во корист на иновативните компании. Имаме претходно искуство со групацијата ПроКредит и сигурни сме дека ќе ги поддржат иноватините и растечки бизниси на кои има се потребни финансиски средства”.

1fed9ed6-c50e-41ae-97c5-a69736235a94

Карлос Моедас, Европски Комесар за истражување, наука и иновации изјави: “Договорот поддржан од ЕУ кој се потпишува денес е отворен за мали и средни претпријатија од земјите членки на ЕУ, како и земјите поврзани со проектот Хоризонт 2020 од Југоисточна Европа. Целта е да се поттикнат инвестиции во иновативни компании кои создаваат работни места и развој”.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг додава: “Горди сме што ПроКредит е првата групација на банки која го потпишува InnovFin гараниот договор за МСП за ПроКредит Банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија. Ова ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај нашите клиенти и на тој начин ќе им овозможи да ја зголемат нивната конкурентност. Како водечка матична банка за мали и средни претпријатија во овој регион, знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој. Ова подеднакво се применува како во работата со нашите клиенти, така и на нашето работење како банки”.

Целта на InnovFin гаранцијата за МСП е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средни претпријатија (фирми со помалку од 500 вработени) на кои им е потребен фиксен и/или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ. Финансиските институции се избрани од страна на ЕИФ по повикот за интерес за финансиски посредници ширум Европа.