Ериксон отпушта 1.400 работници во Шведска

62

Производителот на телекомуникациска опрема Ериксон планира да укине околу 1.400 работни места во Шведска како дел од поширокиот план за намалување на трошоците на глобално ниво, соопшти во понеделникот.
Понатамошни кратења на работни места, кои брои неколку илјади во други земји, најверојатно ќе бидат објавени во наредните денови, велат два извори блиски до ова прашање, пренесува СееБиз.

Ериксон последен пат направи длабоки намалувања во 2017 година кога отпушти илјадници вработени и се фокусираше на истражување за да ја извлече компанијата од загуби.

Компанијата со месеци преговараше со својот синдикат на вработени во Шведска за тоа како да се справи со намалувањето на трошоците.

Сега е постигнат договор со шведските синдикати за тоа како да се управува со намалувањето, рече портпаролот, додавајќи дека компанијата има намера да помине низ доброволна програма.

Фото; Facebook