ЕУ со пад на БДП од 11,4%, најголем од 1995 година

28

Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на бруто домашниот производ (БДП) од 11,4 , односно 11,8% за еврозоната, покажуваат податоците на Евростат.

Во вториот квартал на 2020 година, потрошувачката во европските домаќинства и бројот на вработени продолжија да опаѓаат.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4%, односно 11,8%, соодветно, во споредба со првиот квартал од 2020 година, убедливо е најголемиот пад забележан од почетокот на сезонското мерење во 1995 година.

Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП падна за 14,7% во еврозоната и за 13,9% на ниво на ЕУ.

Во текот на вториот квартал на 2020 година, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалија за 12,4% во еврозоната и за 12% во ЕУ.

Во истиот период, извозот се намали за 18,8% во еврозоната и во ЕУ, додека увозот се намали за 18% во еврозоната и 17,8% во ЕУ.

Во вториот квартал на 2020 година, еврозоната забележа пад на бројот на вработени во споредба со првите три месеци од оваа година за 2,9%, односно за 2,7% на ниво на ЕУ, што е воедно и најостриот пад забележан од почетокот на сезонските серии во 1995 година.

Фото: Freepik