Фрази што секој добар продавач треба да престане да ги користи

244

Фото: Pexels

Најчесто, најголемиот проблем што го имаат луѓето кои работат во продажба е самодовербата, а доколку немате самодоверба, многу потешко ќе ја продадете вашата услуга или производ. Доколку сами не верувате во вашиот производ или услуга, вие не верувате ни во себе, ни во можноста да направите успешна продажба. Еден од најлесните начини да звучите посамоуверено е да ги исфрлите овие фрази при разговор со клиентите.

Навистина многу ќе ми значи доколку ме побарате

Прво, со ваквиот пристап ќе звучите очајно и несигурно. Многу е важно да демонстрирате самодоверба без разлика каква одлука ќе донесе клиентот. Исто така не треба да изразувате екстремна благодарност за времето кое сте му го одзеле на вашиот потенцијален клиент, бидејки, сепак, вие продавате нешто што му е потребно.

“Ви благодарам уште еднаш што зборувавте со мене…“

Иако, можеби намерата ви е да бидете учтиви, оваа реченица му кажува на вашиот потенцијален клиент дека тој ви прави услуга со самото тоа што зборува со вас. Доколку, за време на цел разговор сте ги објаснувале спецификациите на производот кој го продавате, вашиот клиент веројатно и ви прави услуга. Но, доколку сте направиле разговор во кој сте предложиле сугестии, сте одговарале на поставените прашања, сте го воделе клиентот во процесот на донесување на вистинска одлука, веројатно тој добива многу повеќе при разговорот со вас, отколку што добивате вие. Добра алтернатива за оваа фраза е “Во однос на она што го разговаравме претходниот пат…“

“Дали тоа ви има смисла?”

Ваквото прашање има три негативни аспекти:

  1. Не објаснувате доволно јасно
  2. Се сомневате во интелигенцијата на вашиот клиент
  3. Не верувате во своите презентациски способности

Ова прашање речиси никогаш нема да ви биде од помош. Клиентот може да биде засрамен, да признае дека е збунет, па затоа ќе ви одговори со “да, има смисла”, дури и кога нема.

Наместо ова прашајте директно “Што мислите за ова?”, па доколку вашиот клиент нешто не разбира ќе ве праша.

“Знам дека сте зафатени…”

Најлошата и најиритирачката фраза со која започнувате разговор, можеби е токму оваа. Во ред е, што сакате да покажете дека го цените времето на вашиот клиент, но на овој начин звучите како да не го цените сопственото време, што е подеднакво важно.

Оваа фраза е навистина непотребна и доколку ја користите треба веднаш да ја исфрлите од вашиот речник. Поставете си го прашањето, зошто би сакале да контактирате клиент кој не е зафатен и кој нема никакви обврски. Доколку ја кажете оваа фраза, вашиот потенцијален клиент, исто така може да помисли дека немате доволно работа, што ќе ви го намали кредибилитетот во неговите очи.

“Јас не сум експерт, но…”

Како и да ја завршите оваа реченица, вистинскиот проблем е во тоа зошто воопшто ја користите. Вие сте експерт, го познавате вашиот производ или услуга подобро од било кој, го конверзирате секој ден, ги знаете сите потребни информации. Вие сте го заслужиле правото да се наречете себеси експерт, а негирањето на вашата напорна работа и вашето искуство може само да му наштети на вашиот кредибилитет.