Фустеларко Борец од Битола ја зголеми добивката за 50%

61
Growth up arrow icon isolated

Компанијата за изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи, Фустеларко Борец од Битола, во првите шест месеци од оваа година прикажа добивка од 8.406.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни минатата година, добивката на компанијата беше 5.618.000 денари.

“Добивката за периодот е зголемена за 50% споредбено со лани истиот период“, стои во Образложението за резултатите.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа 106.730.000 денари. Од нив на домашен пазар реализирани се 70.656.000 денари, а остатокот од 36.074.000 денари на пазари во странство.

“Во пресметковниот период, приходите од продажба се зголемени за 4% споредбено со ланската година, а увозот учествува со 33,7% од годинашната реализација“, стои во Образложението.

Фото: Freepik